Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Полната месечина денес влегува во Овен, Овните ќе пронајдат компромис за некој проблем, Раковите ќе добијат признание за напорната работа, а Јарците ќе се ослободат од минатото.. 

ОВЕН
Полната месечина денес настапува во вашиот знак, тоа ќе направи да се ослободите од оној дел од себеси кој сте го надраснале. Проблемите во врската ќе го достигнат врвот, ќе постигнете компромис.

БИК
Денес вашите интуитивни способности ќе бидат особено изразени благодарение на полната месечина во Овен. Вашата рутина за спиење е пореметена, не се одмарате онолку колку што ви е потребно. Важно е да обрнете внимание на пораките кои ги добивате преку вашите соништа.

БЛИЗНАЦИ
Со настапувањето на полната месечина во Овен ќе ви помогне да започнете возбудлив проект и да го споделите со светот, можно е да се разделите со некој пријател за кого одамна сметате дека не ви годи. За среќа, ќе ви оди од рака комуникацијата со непознати луѓе па лесно ќе го проширите вашиот круг на познаници.

РАК
Полната месечина е интензивен период за Раковите, со оглед на тоа што вашата планета која ве води е месечината. Со полната месечина во Овен ќе постигнете признание за вашата напорна работа и труд и ќе започнете доста важен проект.

ЛАВ
Некој разговор кој долго време сте го избегнувале конечно ќе се оствари. Ќе ги разбирате врските и односите на подлабоко ниво. Некое патешествие завршува, ви се отвораат нови хоризонти пред вас.

ДЕВИЦА
Започнува интезивен период за вас. Сега е вистински миг да исплатите некој долг или да пружите или примите извинување за некој горчлив конфликт. Сега е вистинско време да се зближите со оние со кои сте се разделиле.

ВАГА
Денешната полна месечина во Овен ќе влијае врз односот и врските. Иако можеби љубовната врска моментално не ви е приоритет, денес ќе морате да се соочите со некои важни нешта и да направите компромис.

ШКОРПИЈА
Прокетот на кој сте работеле долго време конечно ќе биде завршен а тоа ќе ви помгне да се ослободите од некоја лоша навика. Вашата секојдневна рутина ќе биде променета на подобро.

СТРЕЛЕЦ
Благодарение на полната месечина во Овен започнува доста креативен период за вас кој исто така ќе влијае и на вашиот љубовен живот. Одморете од напорната работа и посветете се малку на себеси.

ЈАРЕЦ
Денешната полна месечина го осветлува полето на домот и фамилијарниот сектор, ќе се ослободите од минатото и ќе продолжите напред кон нови прекрасни почетоци. Подобрување на вашата животна состојба.

ВОДОЛИЈА
Денес ви пристигнуваат важни вести. Нешто за кое долго време сте размислувале и не сте можеле да го сфатите конечно ќе се осветли пред вас. На ум ги имате вистинските зборови, не останувајте без одговор.

РИБИ
Денешната полна месечина се одразува на вашиот финансиски сектор. Ќе се ослободите од некои нешта кои повеќе не ви се потребни, ќе размислувате како да ја подобрите вашата финансиска состојба, а идеите кои ќе ви паѓаат на памет ќе бидат добри.

Прегледи:
919
Објавено на:
01.10.2020