Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 10-11 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Овој викенд Овните ќе бидат уморни извршувајќи важни обврски, Вагите ќе сретнат некого кој долго време не го виделе а за Стрелците сега е вистински миг да направат чекор во комуникацијата со личност која им се допаѓа..

ОВЕН
Уште еден викенд поминат во брзање и вршење на секојдневните обврски во последен миг. Ќе ви треба доста време да се опоравите од уморот. Можно е во текот на викендот да ве повика на средба личност за која сте заинтересирани. Малку умор, но на крајот од викендот ќе се чувствувате задоволни.

БИК
Другите ќе се потпрат на вас затоа што ите како ќе бидете способни да им помагате а вашите совети ќе им бидат од исклучителна корист. Практични сте и рационални. Интензивно ќе размислувате за емотивниот партнер дури и можеби ќе сакате да започнете контакт со него.

БЛИЗНАЦИ
Нервозни сте затоа што нема да успевате да функционирате онака како што сте планирале. Тешко ќе се вклопувате со луѓето со кои соработувате. Емотивниот или брачен партнер многу успешно ви скока по живците со своите константни подбивања.

РАК
Ќе бидете разочарани од постапките на некои личности од вашето опкружување. Нема да успеете да сокриете што чувствувате и некои односи сега можете и да ги расипете. Можеби би било подобро малку да размислите пред да изреагирате, можно е да ги преувеличувате некои нешта.

ЛАВ
Наскоро ќе се активира некоја соработка која долго време ве интересирала. После долгите неуспеси сте научиле како треба да се однесувате спрема соговорниците. Ви престои добар период за емотивни контакти било да сте слобдни или зафатени.

ДЕВИЦА
Сеуште не сте го стекнале мирот кој ви е потребен за да се соочите на вистински начин со деловната проблематика. Имате поддршка од луѓето со кои работите. Викендот е одличен за воспоставување нови контакти и флертување. Зафатените ќе бидат во подобро расположение.

ВАГА
Некои нешта и ситуации ќе можете да ги завршите навреме и конечно ќе пронајдете време за себе и својот одмор. Во попладневните часови е вистински миг да се видите со луѓето кои ви се драги, издвојте време и за партнерот и организирајте нешто романтично. Можно е да сретнете некој кој долго време не сте го виделе.

ШКОРПИЈА
Овој викенд ќе бидете остроумни, упорни, ангажирани и делувате убедливо на соговорниците. Викендот е добар за емотивниот план па подгответе го партнерот и одете на некој краток одмор.
Поминете го викендот во уживање во заеднички мигови.

СТРЕЛЕЦ
Добро сте расположени затоа што во последен миг сте успеале да ги средите сите важни обврски и сте стигнале некои информации на кои долго сте чекале. Некоја ситуација која стагнирала долго време ќе почне полека да се придвижува. Сега е вистинско време да направите чекор во комуникацијата со некоја личност која ви значи.

ЈАРЕЦ
Сфативте што е погрешно во вашиот пристап и подготвени сте да го промените тоа. Јасно ви е во кој правец се движи ситуацијата и ги планирате сите ваши потези доста детално. Настапувате одговорно во односот со личноста.

ВОДОЛИЈА
Имате добри можности за успех во текот на овие денови и ќе ви биде задоволство што сте постигнале толку нешта. Нервозата постои но ќе излезете на крај со неа доста лесно. Ќе ви биде дадена понуда да излезете на дејт со некоја доста интересна личност. Добри емоционални мигови.

РИБИ
Расположени сте за комуникација со деловните соработници затоа што знаете дека постојат подобри начини да ги подобрите односите. Ви надоаѓаат иновативни и интересни решенија. Отворете се повеќе спрема личноста која ве привлекува.

Прегледи:
814
Објавено на:
10.10.2020