Категории

Теорија за зголемување на задникот која треба да ја заборавите

Ако сакате да го зголемите вашиот задник, еден од првите предлози кои сте ги слушнале или прочитале на интернет е тој да правите чучњеви. Но тренерот и креатор на програмата „80 денови опсесија“, Атумн Калабрес советува сепак да не го правите тоа.

„Многумина сметаат дека чучњевите се најдобарата вежба за зголемување на задникот, и тоа е едно од најважните нешта кое сакав да го објаснам во својата програма „80 дена опсесија“. Кога правите чучњеви, вие ги активирате квадрицепсот и тетивите, додека глутеусот е помошен мускул“, истакнува Атумн.

Додека чучњевите ќе ви помогнат да ги извјате своите нозе до совршенство, тоа не е случај со задникот.
„Точно е тоа дека вашиот задник ќе има некои бенефиции, но ако сакате да го зголемите важно е да додадете тежина па мој совет е да ставите два тегови за вежбање на вашите колкови. На тој начин вашиот мускул ќе биде примарно активиран.“

Покрај чучњевите, фитнес стручњакот советува да ја правите следната вежба: Спуштете го својот задник на под како кога правите вежби за подигнување на карлицата.

Таа вели дека ова е нејзината омилена вежба со која можете да го почнете тренингот затоа што тоа е една од оние вежби кои дозволуваат мускулите да се активираат правилно. Исто така можете да правите и милион различни варијации.

Можете да правите класична вежба за подигнување на карлицата, потоа со тегови помеѓу нозете, потпирање на една нога, а познатата фитнес инструкторка вели дека на овој начин ќе изградите мускули и своја позадина.

Ова е исто така одлична вежба за сите кои имаат болки во грбот.

„Кога изведувате вежба за подигнување на карлицата, вие се наоѓате во сигурна поза затоа што лежите на грбот со стапалата прицврстени на подот“, заклучува Атумн.

Прегледи:
1140
Објавено на:
14.10.2020