Категории

Вистинската љубов живее од искреноста но умира од игрите и лагите

Една од вистините кои треба да ги знаете и прифатите е таа дека чувствата се ретко взаемни. Кога ќе се случи да бидат взаемни, оставете се, заборавете на очекувањата, заборавете на игрите, на деновите помеѓу пораките, на тактиката „топло-ладно“, затоа што вие сте наишле на нешто по кое трага сиот свет, и тоа сосема случајно и неочкувано.

Наместо тоа, направете чекор напред и соберете ја сета сила во своите раце, исфрлете ги сите правила и размислувања, оставете ги нека се срушат околу вас.
Затоа што љубовта ретко кога е взаемна, а овој пат се случило таа да ве пронајде и двата во исто време на исто место. Можеби нема да ја имате оваа шанса никогаш повеќе. Немојте да дозволувате да ја пропуштите поради некои банални игри, на крајот вие ќе изгубите.

Љубовта која толку цврсто ги држи своите канџи за вас, се потпрела на вашите срца и не сака да ве напушти, не бидете вие оние кои ќе ја натерате да побегне.
Заборавете на игрите, вистинската љубов живее од искреност.