Категории

Книга на неделата: „МОМЧЕТО ВО ПИЖАМИ НА РИГИ“ – Џон Бојн

Ако се двоумите која книга да ја прочитате , наш предлог книга за оваа недела е дефинитивно -” Moмчето на пижами на риги”.
Од оваа година ,оваа лектира се обработува во основно образование (во листата на изборни лектири за осмо одделение) иако многумина сметаат дека оваа книга воопшто не е за деца. Книгата има освоено неколку награди, и е наречена мало чудо од книга(ако ја прочитате ќе се уверите дека тоа е вистина). Во оваа книга преовладува прјателството, но и многуте тажни елементи.
Се работи за деветгодишно момче Бруно кое ќе мора да ја напуши својот топол дом во Берлин и неговите тројца најдобри пријатели,поради неговиот татко кој има важна задача која му ја задава Фуријата.Новата куќа Аувиц (Аувиц е всушност името на логорот кој се наоѓа во билизина) воопшто не е како старата. Исто така и околина била многу поразлична. Тука немало никакви продамници,тезги,куќи или било што. Бруно многу повеќе го засакува оваа место кога ќе го пронајде Шмуел(евреин кој е измачуван од страна на Хитлер).Тие се многу слични иако на Бруно не му е дозволено да оди до оградата-логорот и тој незнае дека всушност тој е евреин.
Крајот на оваа книга е многу трагичен а воедно и на прекрасен начин ги прикажува страдањата на сите евреи.
Оваа книга на прекрасен начин ги претставува сите настани во времето на Хитлер.Секој кој ќе ја прочита оваа книга, ќе памети уште долго.

Прегледи:
2522
Објавено на:
20.10.2020