Твојата прва љубов те прави суров, отворен наивен и силен. Твојата прва љубов ги открива тајните за кои не си ни знаел дека треба да ги чуваш длабоко сокриени. Твојата прва љубов те учи дека љубовта не е лудо бакнување и допири, таа е всушност учење и разбирање како да правиш компромиси и да се чувствуваш толку среќно што мислиш дека ќе експлодираш.
Твојата прва љубов те носи до врвот на највисоката планина од каде ѕвездите изгледаат спектакуларно, онака како што никогаш не си ги видел. Твојата прва љубов седи покрај тебе се додека твојата глава не пронајде дом во празнината помеѓу нивниот врат и рамо каде сакаш да останеш повеќе од било каде на друго место.
Твојата прва љубов се смее на твоите шеги толку силно што одеднаш се чувствуваш како да си најголемиот комичар на светот, и не е важно тоа дали никој претходно не ги сметал твоите досетки за смешни, не е важно тоа дека утре ќе мораш повторно да се соочиш со светот. Твојата прва љубов е како безбедно место каде ги сокриваш сите богатства кои ти се најдраги затоа што мислиш дека нема да бидат тука засекогаш.
Твојата прва љубов те учи на самотија, те учи на краеви, збогувања и празнина. Твојата прва љубов прави да мислиш дека скршената рака е шега. Твојата прва љубов ти ветува дека нема да те заборави се додека не ја видиш како бакнува некој друг на улицата каде некогаш сте се запознале.
Твојата прва љубов те прави огорчен.
А твојата втора љубов ја бриши таа горчина.