Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 24-25 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Ќе се чувствувате задоволно поради успешното завршување на сите ваши работни обврски. Можно е да планирате кратко патување некаде во природа. Вие сте на вистинскиот пат кога се во прашање животните одлуки. Наскоро ќе добиете помош во остварувањето на некоја важна цел.

БИК
Овој викенд ќе бидете преморени од прекумерната работа која сте ја имале изминатата недела, ќе се чувствувате исцрпено, но важно е да имате ладна глава и да не се впуштате во конфликти. Ви претстои патување кое ќе ја подобри вашата финансиска состојба. Ќе сакате некому да откриете некоја тајна.

БЛИЗНАЦИ
Ќе се чувствувате добро и во вашиот дом ќе владее хармонија а тоа ќе ве прави среќни. Можно е да запознаете некоја влијателна личност додека сте излезени со пријатели. Очекувајте некој поклон или награда. Некој проблем во љубовната врска ќе биде успешно надминат.

РАК
Овој викенд ќе се препуштите во анализирање на себеси и вашите цели, тоа ќе ви ја врати назад самодовербата. Ќе бидете фокусирани на вашата иднина и како да го извлечете најдоброто од секоја ситуација. На крајот од денот ќе бидете задоволни од нечии зборови.

ЛАВ
Околу вас ќе се случуваат разни нешта, ќе имате чувство дека некои од нив се надвор од ваша контрола, нема да знаете по кој пат да тргнете. Можно е да доживеете некое разочарување. Ќе морате да прифатите некој предизвик кој веќе долго време стои пред вас.

ДЕВИЦА
Можно е да ве растажи нечие однесување. Пред вас ќе биде претставена сосема поинаква личност од онаа која сте ја знаеле. Немојте да брзате да ги завршите сите обврски затоа што можно е да направите грешка. Некоја важна одлука ќе биде одложена, имате уште време да се премислите.

ВАГА
Овие дена ќе носат голем успех за вас. Напорната работа ќе ви се исплати и конечно ќе можете да се фокусирате на себеси и вашиот личен живот. Вашиот социјален круг се проширува а тоа ќе му годи на вашиот бизнис. Очекувајте посета од личност која долго време не сте ја виделе а нејзините вести ќе ве расположат.

ШКОРПИЈА
Можно е да добиете вести околу некое наследство или нешто во врска со оставштина. Бидете потрпеливи кога се во прашање блиските и партнерот, тие го очекуваат вашето разбирање околу проблемите кои ги имате. Вашата комуникација со другите е добра но би требало да бидете малку поопуштени.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете под стрес поради тоа што не сте успеале да ги завршите сите работни обврски навреме, ќе го чекате почетокот на новата недела за да завршите се како што треба. Уживајте во миговите на слободно време и посветете се на семејството. Ќе слушнете добра вест од брат/сестра.

ЈАРЕЦ
Можно е да чувствувате некое незадоволство поради некоја ваша неостварена желба или правецот во кој тргнала некоја ваша работа. Не дозволувајте стресот да ве надвладее. Внимавајте на вашиот темперамент, можно е да избувнувате пребрзо. Оние кои се во врска треба да избегнуваат сериозни разговори и донесување важни одлуки.

ВОДОЛИЈА
Професионалниот живот полека се искачува на повисоко ниво. Овој викенд посветете се на луѓето кои ви значат и направете се за да сфатат колку сте среќни што ги имате покрај себе. Вашиот сакан ве поддржува во секој чекор иако вие не го гледате тоа. Сега е идеален период да направите некои поправки во домот.

РИБИ
Ќе бидете во друштво со луѓе кои ве исполнуваат со позитивна енергија, можно е да сретнете личност која долго време не сте ја виделе а ви значи. Ќе сакате да здивнете од работата и да одите на место каде ќе можете да се опуштите. Нека тоа биде некаде покрај вода. Таму ќе ја пронајдете цврстината која ви е потребна.

Прегледи:
1260
Објавено на:
24.10.2020