Категории

Да се биде дел од Job Fair 2020 е едно уникатно доживување кое може да ви помогне многу во вашата понатамошна кариера

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест ви го најавува шеснаесетиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2020, кој ќе се одвива од 2 до 13 ноември 2020 година.

Да се биде дел од Job Fair 2020 е едно уникатно доживување кое може да ви помогне многу во вашата понатамошна кариера.. Не само што ќе имате многу можности да го најдете местото кое ви е потребно да се развиете како професионалец, туку и е одлична можност за networking и запознавање на луѓе од кариерниот свет. Преземете го следниот чекор за сопствената иднина, и се гледаме на 2ри ноември на официјалното отворање!

                           -Порака од студентите организатори на настанот 

Job Fair претставува настан преку кој студетската организација БЕСТ директно ги поврзува студентите од техничите факултети и компаниите на тој начин што воспоставува долготрајна професионална основа за деловна соработка. Овогодинешното издание ќе се одвива потполно виртуелно преку видео активности одржани на видео-конференциска платформа, како и виртуелни штандови на страната на настанотНастанот ќе започне со официјалното отворање на 2.11, од 17:00 часот, на кое ќе има обраќање од страна на организаторите и партнерите, и ќе продолжи со панел дискусија на тема “Виртуелна Настава и Кариера – Праксата и образованието во време на пандемија”.

Доколку сте студент кој има големи цели, ентузијазам, амбиции, и сте подготвени и желни за остварувања во кариерното поле, овој настан е вистинската шанса да бидете чекор поблиску до вашата кариера.

Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е и местото каде студентите можат да се информираат за сите можности кои ги нудат компаниите-учеснички, вклучувајќи потенцијални работни позиции или пракса. Веќе шеснаесет години по ред Job Fair има за цел да ги доближи иновативните идеи на студентите поблиску до компаниите, а воедно им овозможува да се поврзат со компании од техничкиот и од ИТ секторот. Исто така овој настан е можност за големи остварувања во иднина за кариерата на студентите.

Техничките вештини кои еден студент може да ги добие преку факултетската настава, најдобро можат да се усовршат и надоградат со практично искуство или работа. Кариерната поддршка која Јob Fair ја нуди преку својата CV-датабаза им овозоможува на студентите да ги претстават своите знаења и интереси пред соодветните претставници од компаниите. Од друга страна, саемот им овозможува и на компаниите да го пронајдат соодветниот кандидат за одредена работна позиција.

Што можете да очекувате од Job Fair како виртуелна платформа?

– Виртуелната платформа на Job Fair, како центар на сите случувања во претстојното издание, покрај тоа што ги приложува CV-та на студентите кон бројните компаниите-учеснички на Job Fair, им овозможува да дознаат за бараните работни позиции. 

– На самата страна vjobfair.org.mk студентите ќе имаат пристап до виртуелните штандови на нашите партнери, со што ќе можат да се информираат за самата компанија и за секоја актуелна работна позиција или пракса.

– Допонително, преку презентациите, вебинарите и информативните состаноци коишто се организираат во склоп на настанот, студентите од најразлични области ќе имаат чест да ги слушнат најистакнатите претставници од компаниите и да се запознаат со нивните активности, а сето тоа придонесува кон нивниот потенцијал да го пронајдат нивното идно работно место.

Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на саемот за вработување и кариера – Job Fair и да одбележиме уште едно успешно издание заедно и се надеваме на огромен успех по завршувањето на овој настан. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страница на настанот: www.vjobfair.org.mk и останете во тек со нивните профили на facebook и instagram

Прегледи:
1215
Објавено на:
27.10.2020