Категории

Не сакате да пиете кафе наутро? – Еве ви одлична замена

Корен од мака во прав за сила и одличен почеток на денот

Мака (Maca) е отпорна коренаста билка со потекло од Јужна Америка позната надалеку поради своите својства. Таа е една од најсилите намирници на светот а поради големата популарност и интерес се смета за чудотворна. Спрема легендата, Инките на своите војници им давале прав од коренот мака за да ја зголемат нивната сила и издржливост.

Редовното конзумирање Мака го погодува имунолошкиот состав и ја зголемува отпорноста на телесни и ментални потешкотии. Нејзината спосовност на „препознавање“ на потребите на секој поединечен организам го добила прекарот паметна билка или како што се нарекува во научната терминологија – адаптогена билка.

Таа има јаткасто горчлив вкус и може да ја задоволи потребата за вкусот на кафе а по начинот на подготовка е доста слична на гуараната.

Можете да користите до три чајни лажици во ден со сок, топла вода илив о смуди а важно е да се започне со помала доза и постепено да се зголемува затоа што секој организам реагира поинаку на неа.

Ви донесуваме доличен рецепт за напиток од Мака кој без нималку проблем може да го замени кафето доколку сте одлучиле да го изоставите од вашата утринска рутина.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2,5 бадемово млеко (може и обично)
  • 1 лажица Мака
  • 1 лажица какао или ванила по желба
  • 1 лажица мед
  • прстофат цимет

Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте 30-тина секудни.
Пријатно!