Оваа метода за кремаста палента од рерна ни доаѓа од Шил Пракаш, авторката на готвачот „Mediterranean Every Day“ и сигурни сме дека ќе ве воодушеви.
СОСТОЈКИ ЗА 4 ПОРЦИИ:
- маслиново масло
- 1 шолја (163 гр.) палента (крупно мелена, не инстант или за брзо готвење)
- 1 лажичка сол
- свежо мелен црн пипер
- 4 шолји (1 л.) вода
- ½ шолја (28 гр.) свежо изрендан пармезан
- 2 лажички (28гр.) путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете малку маслиново масло во сад за печење со величина 20×20 и премачкајте го дното. Ставете ја палентата, сол и малку црн пипер. Налејте вода и измешајте додека да се соедини.
Печете непокриено 40 минути. Извадете од рерна и измешајте коцки сирење и путер (путерот не треба потполно дасе растопи). Вратете во рерната и печете непокриено додека сета течност не се упие и палентата не стане кремаста – од 8 до 10 минути. Измешајте еднаш или два пати и послужете со прелив по свој избор.