На 4-ти октомври, околу еден месец пред претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 3ти ноември, радио станицата Radio Free Brooklyn отвори огромен мурал со име „Ѕид на Лаги“, на Менхетн.
Ѕидот е создаден за да ги истакне лагите на Трамп, односно 20000 лажни или манипулативни изјави на претседателот на САД откако е во Белата Куќа. Сите изјави се проверени и одобрени од страна на The Washington Post. Сите изјави се во хронолошки ред и подредени со боја, по категории.
Вкупно има 20055 лаги, кажани во 1267 дена. Иако од далеку изгледа како хаос, всушност лагите се категоризирани според темите: раса, Русија, избори, економија, Украина, трговија, коронавирус, имиграција, работни места, странски полиси, криминал, здравство, животна средина, даноци, биографија, разно.