Ако никогаш досега не сте пробале леб од тиква, тогаш крајно време е да го направите тоа. Всушност време е да го направите сами и да ги изненадите домашните, пријателите или гостите. Лебот од тиква можете да го јадете за појадок, ручек или како десерт, а воедно е и вегански. Совршено јадење за студените есенски денови.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 300 гр. пире од тиква
- 500 гр. брашно
- масло
- 2 јајца
- екстракт од ванила
- ½ кафена лажица сол
- ½ кафена лажица сода бикарбона
- прашок за пециво
- 1 кафена лажица џимет
- ½ кафена лажица ѓумбир
- ¼ кафена лажица морско оревче
- 1/8 кафена лажица каранфилче
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте една чаша од пирето од тиква со јајцата, маслото и ванилата потоа додадете го и шеќерот и добро измешајте.
Во друг сад измешајте ги брашното, солта, сода бикарбона, печиво и зачини. Потоа додете ги во садот со пирето и добро мешајте се додека смесите не се соединат.
Во сад за печење прерходно обложен со харија ставете и печете 45 минути.
Со чепкалка проверете дали е печен – боцнете и доколку чешкалката излезе чиста, лебот е готов.