Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 7-8 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Некој долг од минатото ќе ви биде вратен. Оние кои страдаат од хронична болест ќе имаат подобрување на здравјето. Може да очекувате позитивни вести во врска со вашата работа доколку работите во доменот на здравството, архитектурата или инженерството. Очекувајте драг гостин кој ќе ви донесе пријатни вести. Избегнувајте патување на подалечни дестинации.

БИК
Ви пристигнува неочекувана финансиска добивка или парична помош која ќе ви годи да застаните на здрави нозе. Ќе размислувате како да почнете да водите здрав живот и да ги доведете вашите навики во ред. Оние кои се во брак ќе споделат некој проблем со партнерот или нешо што одамна ги мачи. Очекувајте нештата да се одвиваат во ваша корист.

БЛИЗНАЦИ
Оние Близнаци кои ве потрага по унапредување ќе добијат одлични вести. Здравјето останува добро и покрај летаргичноста. Некои ќе се впуштат во преуредување на домот и ќе бидат прилично зафатени. Оние кои планираат патување сега е идеално време, а тоа ќе им донесе добивка.

РАК
Ќе ги превземете нештата во своите раце затоа што ќе сметате дека доколку поседувате контрола ќе можете да влијаете врз исходот. Нема да погрешите. Некои Ракови ќе се посветат на грижата за своето тело и ќе почнат со физичка активност. Дневната рутина малку ве онерасположува но останете смирени, потешкотиите изминуваат.

ЛАВ
Финансиите се прилично добри иако во последно време сте чувствувале дека заработката е мала, наскоро пристигнува подобрување. Очекувајте поддршка од семејството во врска со некоја ваша идеа или план, тие ќе бидат воодушевени. Доколку сте планирале краток одмор, овој викенд е идеален за дружба со саканите, можеби некаде на планинско место.

ДЕВИЦА
Ќе бидете внимателни со трошењето и ќе размислувате добро пред да купите нешто или да направите некоја поважна инвестиција. Ќе уживате во вашата слобода и нема да дозволувате никој да ве попречува во вашите желби. Нема да размислувате за врска или брак некое време. Очекувајте вест во врска со наследство.

ВАГА
Ќе морате да застанете исправено во врска со некоја оптужба или проблем, немојте да дозволувате недовербата да ве скрши и да паднете во очај. Нема да сакате да изгледате како кукавица во очите на вашите конкуренти. Краток одмор ќе ви годи. Внимателно правете инвестиции, некој сака да ве измами. Оние кои студираат ќе стекнат признание.

ШКОРПИЈА
Некој ваш колега ќе ви помогне да се извлечете од некој проблем на работното место или при завршувањето на некоја тешка работна обврска. Ќе бидете пријатно изненадени. Некои Шкорпии ќе имаат избор на љубовен план. Ќе сакате да бидете забележани од другите и ќе правите се за да го освоите нивното внимание.

СТРЕЛЕЦ
Успехот ви загарантиран, се што треба е да продолжите да верувате во вашите квалитети и способности. Можно е да треба да зборувате отворено во врска со некое ваше убедување кое нема да биде прифатено од другите, немојте да потклекнувате и зборувајте самоуверено. Ќе се расправате во врска со некоја поделба и пресудата ќе биде на ваша страна.

ЈАРЕЦ
Некој ваш проект или работна задача ќе биде одобрена и ќе се чувствувате гордо и среќно. Вашите колеги го ценат вашиот труд и се огледуваат на вас. Семеен проблем ќе биде брзо разрешен, очекувајте среќни и пријатни мигови полни со хармонија. Оние Јарци кои се сингл ќе се впуштат во нова љубовна авантура.

ВОДОЛИЈА
Доброто разбирање со тимот ќе ви помогне да напрдувате. Вашата самодоверба расте и се чувствувате исполнето. Време е да почнете со штедење, премногу сте нерационални во вашето трошење. Внимавајте на здравјето, потребен ви е поголем сон.

РИБИ
Ќе успеете да ги завршите сите работни обврски навреме и ќе можете да се опуштите. Домот ќе ви биде исполнет со смеа и хармонија, пријатни гости ќе ве расположат. Можно е да отпатувате некаде со вашите пријатели. Доколку сте се соочувале со некој конфликт или спор, очекувајте распрешување во почетокот на новата недела.

Прегледи:
1575
Објавено на:
06.11.2020