Категории

Зошто изневеруваат жените а зошто мажите? – Вистината позади неверството

Мажите и жените имаат потполно различни причини поради кои ги изневеруваат своите брачни партнери, а половина од врските во кои се случила прељуба ја преживеала таа криза.

Бојата на косата на девојката ја открива склоноста на прељуба?
Едно истражување на порталот CheaterVille.com открива дека плавушите изневеруваат најчесто а позади нив се црвенокосите.
Најверни од нив се црнките од кои само 11% изневеруваат, што е четири пати помалце од плавушите.

Мажите со длабок глас почесто изневеруваат
Америчкото истражување открива дека жените сметаат дека мажите со длабок глас се посклони кон прељуба од оние кои имаат висок глас.

Среќата во бракот не зависи од неверството
Неверството не е нужен доказ дека луѓето не се среќни во бракот. Речиси 56% од мажите кои ја изневериле својата понежна половина тврдат дека се среќни во бракот додека истото го мислат 34% жени.

Фрактура на пенисот
Половина од сите случаи на скршен пенис се случуваат во текот на прељубата. Стручњаците сметаат дека мажите тогаш се премногу возбудени и најчесто практикуваат секс на невообичаени места.

Кој изневерува повеќе?
Мажите изневеруваат почесто од жените но во последните 20 години се повеќе жени се впуштаат во неверство. Стручњаците тврдат дека тоа е поради финансиската независност.

Неверство како освета
Речиси 9% од мажите и 14% од жените го изневериле партнерот поради освета за неговото неверство.

Љубовницата не е поубава од сопругата
12% од мажите тврдат дека љубовницата им е физички поатрактивна од сопругата.

Грижа на совест
Речиси 68% од мажите чувствуваат грижа на совест поради прељубата.

Прегледи:
639
Објавено на:
05.11.2020