Овој колач е одличен десерт за студените зимски денови.
Сега додека поминувате повеќе време во домовите е вистинско време да испробаме некој посебен рецепт. Овој колач од ѓумбир и морков секако треба да се најде на вашиот попис. Ако сакате ароматични колачи, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.
СОСТОЈКИ:
- 500 гр. моркови
- 100 гр. кандирани парчиња ѓумбир
- 350 гр. брашно
- 1 лажичка вински прашок за пециво
- ½ лажичка сода бикарбона
- ½ лажичка морска сол (фина)
- 150 гр. лешници
- 4 јајца
- 200 гр. шеќер
- 300 мл. сончогледово масло
- 1 лажичка шеќер во прав
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Добро изрендајте ги морковите, ситно исецкајте го ѓумбирот. Измешајте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбона, сол, ѓумбирот и морковите. Издробете ги лешниците на ситни парчиња.
Измешајте ги јајцата и шеќерот се додека не настане густа, кремаста смеса. Потоа полека додадете масло и матете уште минута. Додадете ја и имешавината со ѓумбир и моркови и додадете ги исецканите лешници.
Излијте ја смесата во калап и печете 45 минути.
Извадете го колачот и оставете го да се излади. Потоа декорирајте го по желба.