Категории

За долг живот мешајте кафе и зелен чај

Комбинацијата од зелен чај и кафе дава позитивни резултати кога е во прашање здравјето на луѓето кои имаат дијабетес од тип 2, наведуваат стручњаците од Јапонија.

Предложената комбинација потенцијално смалува ризик од смртност а потребно е овој напиток да се пие најмалку еднаш дневно.

Новите истражувања кои ги направија јапонските научници на Универзитетот Кјушу, како и во болницата Хакујиуји каде набљудуваа како конзумирањето на зелен чај влијае на луѓето кои веќе имаат дијабетес, дало позитивно резултати.

Тие проучувале 4,932 испитаници во просет од 66 години, а истражувањето траело околу пет години.

Истражувачите заклучиле дека луѓето кои пиеле повеќе од четири шолји зелен чај на ден имале 40% помал ризик од смртност после завршувањето на студиите.
Како и зелениот чај и кафето има влијание на смалувањето на ризикот од развој на дијабетес. Истражувањето го објавил магазинот BMJ Open Diabetes Research&Care.

„Комбинацијата од зелен чај и кафе значително ја намалува смртноста дури за 63%“, наведуваат истражувачите и атори на оваа студија.

Оние кои пиеле четири или повеќе шолји чај, две или повеќе шолји кафе имале најдобри резултати. Стручњаците советуваат кафето и зелениот чај да ги пиете без додатоци како што се шеќер и млеко за ефектот да биде потполно.