Категории

За прв пат во Sara Fashion – ALL FOR MEN кампања заедно со @bombakis

Сара Фешн (СФ), веќе познат и докажан македонски бренд помеѓу жените, за прв пат со кампања наменета за мажи наречена ALL FOR MAN. Со оваа кампања СФ во фокус ги става нивните производи од машкиот асортиман на долна облека, пижами, маици, боксерки, чорапи и костими за капење, а со тоа не потсетува дека овој бренд е одличен и за мажи.

– Досега сме имале парчиња за мажите во нашите колекции, но за прв пат им посветуваме комплетно цела седмица, а нивните потреби ги преточивме во супер понуда на производи со фантастично добри цени. ALL FOR MEN е SF акција која трае до 22ри ноември, а освен попустите и разновидноста на производите, имаме и подароци за секој машки потрошувач. Секој маж кој ќе дојде во SF и ќе купи било кој производ од оваа супер понуда на попуст, станува добитник на специјална SF MEN картичка. Тој при следното купување, добива -10% попуст на било кој производ од машката колекција, а картичката ќе важи од 23ти ноември до 31ви декември, што претставува супер можност за сите. – изјавија од менаџментот.

 

Оваа акција којашто е активна во продажните места на Сара Фешн во Македонија и Србија ја најави Кристијан Станковски – @bombakis преку неговиот Инстаграм профил и во негов претпознатлив стил со испишана порака на картон, но се јавува и како заштитно лице на промотивните материјали. Соработката на Sara Fashion MEN и Бомбакис има за цел да ја зголеми свесноста помеѓу мажите дека во СФ постои голем избор на квалитетни машки производи произведени по најнова технологија, но и дека мажите треба да започнат да донесуваат одлука за купување преку поголемо познавање за материјалите кои се користат на овие производи.

– Супер сум задоволен од соработката со македонскиот бренд Sara Fashion за нивната кампања ALL FOR MEN. Сакам интересни принтови на чорапи и квалитетна долна облека која ја имаат во нивните продажни места, па промовирањето на нивната кампања совршено се вклопи со мојот стил. Како што вели и мојата парола “НЕМА САМО ЖЕНСКИ РАБОТИ ТУКА“ ќе дополнам, тука има топ производи за мажи! – изјави Бомбакис.

Како што е и нивниот слоган, за мажи со стил, ве повикуваме да појдете во продавниците на Сара Фешн или да ги разгледате понудите и направите порачка преку нивните профили на Фејсбук и Инстаграм.

Прегледи:
899
Објавено на:
17.11.2020