Категории

Секоја жена има право да го живее животот по свои правила

„Животни избори не можат да бидат рангирани како погрешни или точни врз основа на социјалните очекувања. Во последните 30 години, светот комплетно е променет – интернетот, социјалните медиуми, апликациите за дејтинг, професиите, глобализацијата, и сето тоа израснаа генерации на жени на кои не им е приоритет да се омажат или да имаат деца.
Додека половината од твоите пријатели купуваат куќи, стапуваат во брак и раѓаат деца, другата половина сеуште оди во училиште и се обидува да се пронајде себеси.
Постои константен притисок дека нешто се пропушта и се бара константна валидација за слободата.
Можеби понекогаш делува неверојатно осамено, но можноста да излегуваш и да се забавуваш, да остануваш до доцна и да патуваш е нешто драгоцено. Без оглед на тоа како си се одлучил да го живееш својот живот, без оглед на тоа што твојот живот одлучил да ти даде, треба да им се искаже почит на сите нас без оглед на тоа кој пат сме го избрале – затоа што сите се трудиме да дадеме се од себе“ – е пораката на Лејни Молнар, илустраторка, која ги споделува своите творби на својот Инстаграм профил на кој ја охрабрува неконвенционалноста и моќта секој од нас да има сопствен избор.

„Мојата мајка на 31 година и јас на 31 година“

„Местото каде една жена треба да биде во животот и исто така, местото на кое една жена треба да биде во животот“

„Да се биде силна жена не зависи од религиозната позадина од која таа доаѓа“

„Жената може да биде изградена и целосна и кога има оформено семејство а и кога се има само себеси“

„Секој од нас поминува низ тежок период иако можеби на изглед не делува така“

Прегледи:
1429
Објавено на:
21.11.2020