Јапонските работодавци и Министерството за здравје воведоа обавезен половина час одмор кој служи само за спиење на работа и тоа во раниот послепладневен период.
Поради тоа Јапонците трошат немерен број на часови работејќи, се повеќе истражувања покажуваат дека станале неефикасни поради поспаност и дека ги чини компаниите вкупно 138 милиони долари годишно. Поради тоа здружението на работодавци донело одлука за воведување половина час сон, но и соби во кои ќе можат да се одморат половина час.
Nexstbeat, јапонската IT компанија, веднаш го прифати тој тренд па на своите вработени како што вели, им креира стратешки спални соби. Собите се опремени со уреди за блокирање бучава, кревети и софи, а мобилните, таблетите и лаптопите се строго забранети.
Според најновите истражувања, јапонците спијат најкратко, во просек 6 часа и 35 минути. Тоа е дури час време помалку од финците, канаѓаните, белгијците и французите.