Категории

Зошто некогаш треба да ја прекршите диетата? – Кој ден од неделата е најдобар за тоа?

Еднаш неделно е сосема доволно и оправдано да ја прекршите диетата.
Диетата и промената во исхраната доведува до уште поголема желба за некоја храна која сме ја исфрлиле од исхраната. Но новите истражувања велат дека е дозволено, дури и пожелно новите правила на исхрана повремено да се прекршат.

Истражувањето спроведено во Португалија открива дека е добро да се земе еден „слободен“ ден од диетата во текот на неделата и да се изеде нешто нездраво, во кое инаку уживате. Луѓето кои еднаш неделно ова го практикуваат многу полесно ќе се носат со диетата.

Тоа секако не значи дека ваквите оброци треба секојдневно да ги јадете, направете баланс кој ви одговара.
Научниците ги поделија испитаниците во две групи а сите неделно внесувале по 10,500 калории. Една група морала строго да се придржува кон здравиот план на исхрана, додека друга група во неделата можела да јаде што ќе посака.

Испитаниците од другата група беа многу повеќе мотивирани за губењето на килограми, не се толку тешко да се поднесат за исфрлање на нездраватаа храна од својата исхрана и во цел процес беа генерално среќни.

Прегледи:
605
Објавено на:
18.12.2020