Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 19 и 20 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Имате волја да разрешите семејна заврзлама која се искомплицирала. Ако ги сведете нештата на суштинската реалност, ќе бидете задоволни од постигнатите резултати особено ако излезете од сенка и нештата јасно ги поставите онаму каде што им е местото.

БИК
Смислувате нови начини на работење и наоѓате интересни методи со кои се бавите во текот на работата. Пречките во комуникацијата со надредените ќе ги почувствувате првенствено преку притисокот работата да мора да биде завршена пред договорениот рок.

БЛИЗНАЦИ
Како и да се поставите, очекувајте да бидете во втор план. Не ви годи таквата улога но сте свесни дека тоа е вистинскиот пат. Било да се работи за семејни или љубовни односи, најпаметно е трпеливо да пружите поддршка и да чекате епилог.

РАК
Се правите дека не ја забележувате заинтересираноста на саканата личност. Мислите дека со игнорирање ќе избегнете проблем а вистината е дека со заташкување само ќе ја зголемите напнатата ситуација. Поразговарајте, нештата не се црни како што ви се чини во моментов.

ЛАВ
Незадоволството во работната средина го пренесувате на приватниот живот. Иако работата е важна, претерано се задлабочувате и сето тоа почнува да влијае на односите внатре во вашето семејство. Некој од домашните може да биде многу несреќен поради вашите критики, попуштете го притисокот.

ДЕВИЦА
Имате шанса во текот на денот да ви се укажи прилика да превземете водство во еден деловен зафат кој се подготвува. Ако внимателно се организирате и ги разработите своите потенцијали оваа прилика би можела да прерасне во животна шанса.

ВАГА
На светот гледате исклучиво од свој агол. Не ги уважувате туѓите мислења па денес ве очекува вистинска емотивна турбуленција. Сметате дека ставовите на личностите од вашата околина се површни, па тоа би можело да биде причина за попладневни дискусии и расправии.

ШКОРПИЈА
Доколку се грижите да го покажете својот потенцијал пронајдете личност која ќе ви помогне во тоа. Немојте да трошите време во расправија со неважни луѓе затоа што на тој начин само губите енергија која ќе ви затреба кога нема да очекувате.

СТРЕЛЕЦ
Оптеретени сте со работа. Иако атмосферата е напната, вашата нетрпеливост може додатно да ви ја отежне положбата, не само на вам туку и на опкружувањето. За да избегнете непријатности морате да одолеете на бројни искушенија и провокации. Не влегувајте во излишни дискусии.

ЈАРЕЦ
Време е да превземете иницијатива и да започнете нови активности на работа. Позитивно зрачите па би било добро да му ги изнесете на вашите соработници своите идеи. Саканата личност од некоја причина не ви е достапна, можеби тоа е идеален начин д ги освежите вашите односи.

ВОДОЛИЈА
Љубовниот живот ви е во центарот на вниманието. Вашиот партнер долго бил во сенка, ги трпел вашите професионални залагања и проблеми кои доаѓале со тоа. Време е да му надохнадите, особено при крајот на денот кога ќе му биде потребна вашата поддршка.

РИБИ
Ве обзема голема тензија. Свесни сте дека притисокот кој го трпите е последица на промени во кои сте се впуштиле но тоа не ви помага. За некои проблеми постои друго решение освен да замижите на предизвиците и трпеливо да го чекате решението.

Прегледи:
2024
Објавено на:
18.12.2020