Категории

Надреална градба – Прозирна црква во Белгија која плени со својот уметнички приказ

„Читање помеѓу редови“ е називот на ова невообичаено архитектонско дело кое плени со својата невообичаеност.Интересно е тоа што и кога паѓа дожд во оваа црква нема да се намокрите. 

Овој проект е надалеку препознатливо дело на Гијс Хан Варенберг. Тешко дека овој назив асоцира на црква но има свое оправдување.
Во светот е позната како прозирната црква и се наоѓа во Белгија, прецизно во село надвор од Борглун, 70 километри источно од Брисел.

Архитектите експериментирале со различни идеи пред да се одлучат за транспарентност, односно на вклопување на црквата во пејсажот кој ја опкружува. Иако е направена од 30 тони челик, црквата Борглун изгледа како надреалистична слика. Од одредени агли конструкцијата делува прозирно.


Таа е обликувана спрема средновековните цркви во регионот. Бидејќи положбата на сонцето се менува во текот на денот, фасадата на црквата се менува и може да премине од цврста во провидна во зависност од тоа од каде ја набљудувате. А интересно е и тоа што кога паѓа дожд внатре нема да се намокрите.