Категории

Среќа е … да се биде хуман! Секоја чест за ова семејство од Демир Хисар

Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Тоа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таков беше нашиот ангел Виктор. Срце полно добрина, човек за пример.

Поучени од неговите дела и во негова чест и во чест на големиот православен празник Св. Никола, а воедно и наша слава, нашата фамилија оваа година одлучи да донира опрема за итната медицинска служба при ЈЗУ Здравствен дом – Демир Хисар.

Во овие тешки времиња сите ние сме си потребни едни на други. Вработените во итната медицинска служба имаат посебно место во нашите животи бидејќи беа покрај нас во најтешките моменти кога ненадејно почина нашиот ангел, син, брат, внук…

Воедно благодарност до сите здравствени работници за нивната хуманост во овие тешки времиња.

Голема благодарност до сите вработени во ЈЗУ Здравствен Дом – Демир Хисар што несебично ја поддржаа нашата иницијатива за донација на опремата и ни приредија топол пречек.

Најмил наш Вице… Го правиме сето ова во твоја чест бидејќи знаеме дека од некаде не гледаш и се гордееш што ги продолжуваме твоите дела, дека си секогаш покрај нас…

 

Еден ден сите ќе бидеме повторно заедно, но тогаш – вечно.

Почивај во мир ангелче!

 

Прегледи:
1159
Објавено на:
20.12.2020