Многу нешта кои секојдневно ги користиме, ги чуваме во бањата а не знаеме дека таму не им е местото. Влажното опкружување влијае негативно на многу предмети кои ги користиме.
Четки за шминка
Важно е редовно да ги чистите четките со цел на нив да не се насобираат бактерии. И колку да ги чистите, сепак не смеете да ги чувате во бањата бидејќи нив им е потребно суво место. Топлиот и влажен воздух поттикнува развој на бактерии на нивните влакна а сето тоа се пренесува на кожата.
Парфеми
Чувањето на парфемите во тоалетот може да ја уништи нивната молекуларна структура и да предизвика киселост. Така да најдобро е да ги чувате надвор од бањата.
Креми за лице
Кога кремата не е добро затворена влажниот воздух во бањата поттикнува развој на бактериите кои подоцна предизвикува акни.
Накит
Бањата исто така никако не е вистинско место за чување на накит, па нити тогаш кога ќе го извадите пред туширање. Така побрзо оксидира и како резултат на тоа се јавува изгубен сјај и брзо потемнување.
Четки за заби
Кога пуштате вода во wc шолјата бактериите се шират многу подалеку, па можат да дојдат до вашите четки доколку не се чуваат во ормарче. Четките обавезно чувајте ги на суво место.