Македонскиот крал Филип бил опкружен со ласкавци и лицемери. Неколку дворски подлизурковци го побарале славниот говорник Демостен со намера да го наговорат да им се придружи во воспевањето на кралот Филип.
„Зошто никогаш со нити еден збор не си го пофалил кралот? Зошто не најдеш еден убав збор за многу негови одлики?“
„Кои се тие одлики?“ – прашал Демостен.
„Ете, кралот е извонреден говорник, многу убав човек, а богами и може многу да испие“ – рекле дворјаните.
Демостен им одговорил: „Првото е пофалба за адвокатот, второто е за жената, а третото е за стомакот, но ниедно за кралот!“