Категории

Која е омилената женска лага?

Знаеме дека мажите лажат, добро не сите, но жените, што веројатно никогаш нема да признаат, не заостануваат кога треба да се избегне вистината. Еве 4 омилени женски начини да скриете нешто. Можеби некои од нив се вашата омилена лага …

Не значи дека сите жени лажат, но оние што го прават тоа обично го кријат бројот на мажи со кои биле во врска пред партнерот со кој моментално се.

1. Бев само со еден маж пред тебе

Жените сè уште го чувствуваат притисокот на нормите на патријархалното општество, кога станува збор за нивната сексуалност, па лагата за бројот на партнери е скоро инстинктивна. Истражувањето на оваа тема покажало дека жените поврзани со детектор за лага наведуваат дека имале во просек пет сексуални партнери, за разлика од оние кои не биле поврзани со полиграф и кои во тој случај биле со само двајца мажи. Кај мажите кои учествувале во истата студија, немало значителна разлика во резултатите со или без полиграф.

2. Да, пијам апчиња за контрацепција

Репродуктивните студии открија дека една третина од жените кои сакаат да останат бремени, иако нивниот партнер не се согласува со тоа, ќе лажат за контрацепција. Тоа е нешто повеќе од една петтина од жените во врска кои ги проверуваат мејловите на своите мажи и кои никогаш нема да го признаат тоа.

3. Изгледаш одлично

Жената ќе ја пофали комбинацијата на облека на нејзиниот пријател, дури и ако е катастрофална, како и фризурата за која смета дека е тотално промашена. Овие мали, бели лаги таа не ги доживува како невистина, туку како „задолжителен“ комплимент, иако всушност сака да каже: „Изгледам многу подобро од тебе“.

4. Немам претстава каде е, не фрлив ништо од твоето …

Мажот никогаш нема да ја знае вистината затоа што жената вешто ќе молчи за големата подготовка што ја направила меѓу неговите работи

 

Прегледи:
451
Објавено на:
23.12.2020