Категории

Најдобрата храна против акни

Ако страдате од акни  и имате проблем со кожата, вие сте на вистинското место. Слушнете го следниот совет од дерматолог и ослободете се од овие проблеми засекогаш.

Кога се јавуваат акните?
Тие се јавуваат кога лојните жлезди се затнати, поради нечистотија и прекумерно лачење на маснотии. Акните можат да се појават за време на пубертетот, но некои луѓе се борат со овој проблем во зрелоста.

Постојат бројни студии кои сугерираат како да се ослободите од акните.

Храна и акни
Масна храна, закуски, слатки, шеќер, бело брашно и недоволно внесување течности ја влошуваат состојбата на кожата. Ако имате акни, дерматолозите препорачуваат да вклучите цинк, омега 3 масни киселини, храна богата со антиоксиданти, како што се боровинки, зелен чај, малини и сл.

Јадете многу овошје и зеленчук секој ден, намалете го внесувањето месо и избегнувајте слатки и бело брашно. Експертите исто така ве советуваат да консумирате повеќе домати, темно зелен зеленчук, моркови, кајсии,риба, ореви и цели зрна.

Телото на сите е различно, а некои луѓе навистина се ослободуваат од акните со промена на нивната исхрана. Пробајте и ако тоа не успее, побарајте стручна помош.

Прегледи:
903
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
24.12.2020