Категории

Дали знаете зошто баш црвената и зелената се главни празнични бои?

Продавницие се преполни со божиќни и новогодишни украси, а боите кои без сомнеж преовладуваат се секако црвената и зелената.

Дали сте се се запрашале поради што токму овие две бои се синоним за празнични бои?
Украсувањето за време на Божиќ има посебно значење па така и боите кои го симболизираат раѓањето на Исус Христос: зелена и црвена. Поради што баш тие две бои се симболот на Божиќ?

Зелена
Зелениката и имелата веќе илјада години се користееле за украсување по повод Божиќ. Годишната доба зима е студена, темна и тмурна, и баш затоа зимзелените растенија се користат за декорација – како потсетник дека зимата нема да трае вечно.

Црвена
Бојата на бобинките на зелениката – црвена, ја претставува Исусовата крв затоа што тој се жртвувал за луѓето и умрел на крстот. За Христијаните, црвената е едноставен а сепак посебен потсетник на она што нивниот спасител го направил за нив. Други бои кои често се користат за Божиќ во декорациите се златна, бела и сина.

Еден од тројцата свети кралеви донел злато на поклон за малиот Исус, а златната воедно ја симболизира и витлеемската ѕвезда која трите кралеви ја следеле на патот до Витлеем. Белата симболизира мир и чистота, додека сината е симбол на Исусовата мајка, Девицата Марија а се толкува како симбол на небото и рајот.

Прегледи:
714
Објавено на:
27.12.2020