Категории

Џеј Ло сензационална на новогодишната вечер – Слета на сцената облечена како новогодишна елка

Повторно се надмина себеси: За новогодишниот перформанс, Џeнифер Лопез се стилизираше како бела новогодишна елка.

Само неколку часа пред настапот на Тајмс Сквер, кој беше затворен за јавноста за прв пат поsle подолго време оваа година, Џеј Ло сними видео во креацијата на „Балмaн“, за кое веднаш го доби прекарот Пепелашка од Бронкс, за потоа да го испее нејзиниот најголем хит и да им посака на Американците среќна 2021 година од сцената.

На улиците на Њујорк, но и во метроата, латино дивата сними видео облечено во бајковит фустан „Balmain“ и кожна јакна со препознатливо лого на познатата дизајнерка, за нејзината линија за убавина, но и новогодишен настап само неколку часа пред точно на полноќ на Тајмс Сквер им посака сè најдобро на сите гледачи преку малите екрани.

Целиот настан, како што објасни, за неа бил надреален, а таа снимала во возовите што ја однеле на познатиот плоштад во Њујорк.

„Целиот воз имаше постери #JLOBEAUTY и бев преплавена со мисли за таа девојка што читаше списанија во истиот воз”, напиша таа во првиот твит, а потоа додаде:

„Тоа беше момент кога се чувствував толку неверојатно благодарна на сите вас! Знам дека ова беше една од најтешките години досега – но соништата се остваруваат секој ден и едвај чекам да ги реализирам сите можности што не очекуваат сите нас “.

Набргу потоа, 51-годишната латино дива побрза да се подготви за својот настап на Тајмс Сквер на веќе традиционалната новогодишна програма на Дик Кларк прикажана на американската станица АБЦ.
Само неколку минути пред славната кристална топка да слета и да ја објави 2021 година, беше прикажано снимено видео, а потоа на сцената пристигна и самата Џеј Ло, облечена во неверојатна креација.

Можевме да претпоставиме дека ќе изгледа сензационално, но овој пат се надмина себеси кога на сцената пристигна во бела креација во која изгледаше како новогодишна елка. Над лицето имаше украс направен од светкави кристали со потпис „Валентино“, а потоа соблече сè и најпрво остана во јакна со преголеми ракави, за подоцна да открие дека носи само комбинезони и нараквици без прсти.

Прегледи:
599
Објавено на:
05.01.2021