Категории

„Била вознемирена од ТВ серија“ – Најсмешните изговори за недоаѓање на работа

На секого понекогаш му се случува да излезе со изговор за да избегне појавување на работа. Ова се најсмешните изговори за не доаѓањето на работа.

Ново научно истражување покажа дека дури 30% од вработените, барем еднаш годишно, се преправаат дека се болни или наоѓаат некаков изговор за да избегнат работни обврски. Сепак, има и такви кои сакаат да ги комплицираат работите, па затоа менаџерите често ги фаќаат како лажат, наместо едноставно да кажат дека се болни, тие измислуваат едноставно невозможни причини. Еден од нив му рекол на својот работодавец дека не може да дојде на работа, бидејќи прстот му бил заглавен во славината, додека на една жена и ’било лошо да чита премногу. Иако мислиме дека сме виделе се, секогаш сме изненадени од нешто ново, поради што истражувачите издвоиле 10 најсмешни изговори за недоаѓање на работа:

„Не дошла на работа затоа што била болна од премногу читање.“
„Алкотестот не му дозволил да го запали автомобилот.“
„Тој имал скршено срце.“
„Прстот му се заглави во славината“
„Кучето имало нервен слом “
„Вработената се вознемирила поради серијата“
„Заборавил дека бил вработен“
„Ја гризнала птица “
„ Косата и била портокалова откако се исфарбала дома“

Прегледи:
790
Објавено на:
23.01.2021