Четири парови кои се пријатели веќе 20 години, решија да изградат мал град само за себе за да можат да живеат поблизу едни до други и истовремено да бидат во природа.
Нивната населба, наречена „Стратегија за излез од Лалано“, содржи четири мали куќи во близина на реката Лано ван Остин во Тексас. Одржливите и еколошки куќи ги дизајнираше архитектот Мет Гарсија, а секоја од нив чини 40 илјади долари. Тие имаат наклонети покриви со буриња за вода или дождовница, специјално изолирани прозорци и рефлектирачки sидови кои се дизајнирани да ја заштитат куќата од големите летни горештини.
Ентериерите се изработени од иверица, што ги намалува трошоците и им дава на куќите топол и простран впечаток. Секоја куќа има соба со брачен кревет и софа, бања и тераса.
„Овде е како филм на Дизни, гледаме различни животни и колку почесто сме тuka, толку повеќе ги откриваме“, опиша Jоди Зип, еден од жителите, за „Bored Panda“. Паровите поминуваат што повеќе време во своите новоизградени куќи, а исто така планираат да го поминат пензионирањето и да остарат заедно таму. Бидејќи паровите сè уште не го поминуваат целото време тука, можно е да се изнајмат куќи преку Airbnb.