Категории

Две најважни нешта кои оставаат одличен прв впечаток

Психологот Ејми Куди вели дека ако се обидете да влијаете на некого, а тој не ви верува, нема да стигнете далеку. Всушност, може да предизвикате сомнеж затоа што ќе постапувате манипулативно.

„Другите ни судат врз основа на две најважни карактеристики: дали некое лице е топло или не и дали е способно. Ова се работите според кои проценуваме дали некому ќе веруваме или не, и дали ќе го почитуваме. Некои претпочитаат компетентност над топлината кај луѓето, но ние сме повеќе склони да сакаме мешавина од овие две одлики. Компетентноста може да се цени само кога ќе се воспостави доверба”, објаснува Ејми Куди, психолог на Универзитетот Харвард во САД.

“Ако се обидете да влијаете на некого и тој да не ви верува, нема да стигнете многу далеку. Всушност, може да предизвикате сомнеж затоа што ќе постапувате манипулативно. Топол и сигурен човек кој предизвикува восхит ќе стане подарок, а не закана, но само по утврдена доверба “, додава Ејми Куди.

Тоа, забележува таа, е нешто што треба да се има предвид во интервјуата за работа и состаноците со нови луѓе воопшто. Не сакате да оставите впечаток на некој што е неспособен или недостапен. Треба да се зборува слободно и отворено, а тоа е она што ја отвора вратата кон светлата иднина. Ова ќе ве однесе многу подалеку отколку кога сте срамежливи.

“Луѓето секогаш нè оценуваат, а понекогаш може да биде погрешно ако се претставиме како нешто што не сме. Затоа, обрнете внимание на тоа како се претставувате”, нагласува Куди, како што пренесува порталот evome.co.

Прегледи:
582
Објавено на:
23.02.2021