Можеби претпочитате да јадете сладолед или да пиете газиран пијалок, но експертите велат дека тоа не е добра идеја.
Знаеме дека редовното пиење вода е најважно за време на летните горештини, но храната, исто така, игра голема улога во контролирањето на телесната температура. Без разлика што мислите дека би бил најлесниот начин да се разладите со сладолед или газиран пијалок, експертите велат дека вашето мени сепак треба да изгледа поинаку. Одредена храна може да ве загрее, а некои намирници воопшто нема да влијаат на вашето тело, а има и такви што можат да ве разладат.
Затоа е добро да се избере храна која содржи големи количини вода, како краставици, и затоа е совршена за ладење на телото.
Храна што ќе ве разлади:
За време на жешките летни денови што изгледа ќе траат во август, треба да вклучите во исхраната: краставици, јагоди, лубеница, тиквички, ананас, манго, пиперки, портокали, салата од зелка и целер.
Професорот Питер Портлиет од Универзитетот во Квинсленд тврди дека сладоледот не е деликатес што треба да го конзумирате во текот на летото. Преку своето истражување, тој дошол до заклучок дека на телото му треба многу време да го свари сладоледот, поради што дополнително се загрева со напор.