Категории

Ентони Хопкинс: „Пуштете ги луѓето кои не се подготвени да ве сакаат“

Пуштете ги луѓето кои не се подготвени да ве сакаат. Тоа е најтешката работа која мора да ја направите, но исто така и најважната: престанете да ја давате својата љубов на оние кои не се подготвени да ве сакаат. Престанете со тешките разговори со луѓе кои не сакаат да се менуваат. Престанете да бидете тука за луѓето кои се рамнодушни на вашата присутност. Престанете да ги сакате луѓето кои не се подготвени да ве сакаат вас.

Знам дека инстинктот ви говори да направите сѐ што можете за да ја заслужите милоста на сите кои ги познавате, но тоа исто така ќе ви го одземе вашето време, енергија и здрав разум.

Кога ќе почнете да се чувствувате исполнети, радосни и предадени, нема секој да биде подготвен да ве запознае такви. Тоа не значи дека мора да се промените. Тоа значи дека треба да престанете да ги сакате луѓето кои не се подготвени да ве сакаат вас.

На оваа планета има милијарда луѓе и многумимна од нив се на ваша бранова должина, ќе вибрирате исто и ќе се поврзете со нив.

Можеби ако престанете да бидете тука за сите, помалку ќе ве сакаат.

Можеби ќе бидете заборавени.

Можеби ако престанете да се обидувате, односот ќе престане.

Можеби ако престанете да праќате пораки, телефонот ќе остане тивок со денови.

Можеби ако престанете да сакате некого, љубовта помеѓу вас ќе се распадне.

Тоа не значи дека сте ја уништиле врската. Тоа значи дека единствената работа која ја одржувала врската е енергијата која само вие сте ја вложувале. Тоа не е љубов. Тоа е приврзаност.

Прегледи:
505
Објавено на:
13.09.2021