Категории

Карл Јунг: „Најтешкиот терет на детските раменици е непроживеаниот живот на родителите“

Познатиот швајцарски психијатар Карл Густав Јунг е зачетник на аналитичката психологија на која и ја дал еден од најзначајните придонеси на модерната психоанализа.

Ви ги пренесуваме неговите најпознати цитати:

  • Не го задржувај она што си оди од тебе. Инаку, нема да дојде она што оди накај тебе.
  • Ако човек не ја разбира другата личност, тој ќе се труди да ја смета за будала.
  • Најтешкиот терет на детските раменици е непроживеаниот живот на нивните родители.
  • Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе погледнеш во свето срце. Оној кој гледа надвор – гледа само соништа, кој гледа внатре во себе, се буди.
  • Осаменоста не се отсликува со луѓето околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е за вас значајно, или неприфаќајќи ги вашите уверувања.
  • Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас – не ја бркајте. Викнете ја, како гостин, послушајте што има да ви каже.
  • Сѐ што ве иритира кај другите, може да води кон разбирање на себе.
  • Ако сте талентиран човек тоа не значи дека нешто сте добиле. Тоа значи дека можете нешто да дадете.
  • Тоа, на кое му се спротивставуваш – опстанува.
  • Осудата не ослободува, туку гуши.
  • Јас- не сум тоа што ми се случило, туку она што одлучив да бидам.
  • Здравиот човек не ги мачи другите. Оние кои се мачени, во принцип, се претвораат во мачители.
  • Нашата личност е дел од светот кој нѐ опкружува и неговата тајна е безгранична.
Прегледи:
492
Објавено на:
15.09.2021