Категории

5 земји одлучија да живеат како да нема коронавирус

По 18 месеци од почеток на пандемијата на коронавирусот, бројни земји одлучиле дека е време да се отворат и да го присвојат моделот „живот со корона“.

Овој модел подразбира укинување на сите мерки воведени во цел сузбивање на коронавирусот. Некои држави се одлучиле на овој чекор поради високата стапка на вакцинирани лица, некои бидејќи сфатиле дека трошоците за постојаните општествени и економски ограничувања се преголеми. Тие земји се Данска, Сингапур, Чиле, Тајланд и Јужноафриканската Република.

Данска: Короната повеќе не претставува опасност

Данската влада ги укина сите преостанати ограничувања во земјата од 10. септември, со објаснување дека коронавирусот повеќе не претставува опасност. Данците сега можат да одат во клубови и ресторани без покажување Ковид сертификат, да се возат во автобусите без маски на лице, да чекаат ред без физичка дистанца…

Клучот на успехот на Данска е во кампањата за вакцинација. До 13. септември, повеќе од 74% од населението било потполно вакцинирано против коронавирус.

Сингапур: Ковид никогаш нема да исчезне, но мора да живееме со тоа

Сингапурската влада објавила во јуни дека планира да премине на стратегијата „живот со корона“. Тогаш навеле дека ќе се обидат да ја контролираат пандемијата со вакцинација и подобра хоспитализација, а не ограничување на своите граѓани.

Тајланд наскоро се отвора за туристи

Тајланд планира следниот месец повторно да го отвори Бангкок и друигите популарни дестинации за странски посетители. Оваа држава во југоисточна Азија се обидува да ја заживее својата клучна индустрија, туризам, наспроти големиот пораст на заразени лица.

Во Јужноафриканската Република забранувале сѐ освен погреби

Јужноафриканската Република почна да ги намалува рестрикциите со зголемувањето на вакцинирани граѓани. Меѓу другото, полицискиот час во целата земја е скратен за пет часа, дозволено е собирање на 250 луѓе во затворено и 500 на отворено.

Во Чиле речиси сите се вакцинирани

Чиле е истакнат поради успешната кампања за имунизација. Според најновите извештаи на министерството за здравје, речиси 87% од населението е вакцинирано.

Прегледи:
667
Објавено на:
20.09.2021