Повеќето мажи се повеќе насочени кон тоа да не погрешат отколку да размислуваат за можни „грешки“ на својата партнерка за време на сексот, пренесуваат медиумите.
Типично сценарио е: Предиграта започнува со бакнежи и галења и мажот автоматски прашува: „Дали ова навистина ќе се случи?“. Комбинацијата на неизвесност и горлива желба честопати резултира со поголем напор во предиграта. Сепак, многу мажи во овие моменти, кои треба целосно да ги обземат, се загрижени за „техничките“ детали (особено ако е прв секс) – дали ќе го совладаат копчето на градникот, дали ќе се сетат во вистинско место каде оставиле кондом, дали ги тргнале валканите чорапи или се уште се покрај креветот
И така, додека вредно се обидувате да го подигнете нивото на возбуда кај партнерот, неизвесноста за постигнување на целта, како и будното следење на реакциите на она што тие го преземаат – продолжуваат. И тогаш, кога партнерот целосно ќе се предаде, возбудата на мажот расте уште повеќе. Но, освен неверојатната возбуда, нервите почнуваат да страдаат и од грижи за тоа што се случува во најважниот дел од телото. Едноставно, мажите сакаат сексот да биде жежок, забавен и неограничен секој пат. Се разбира, најдоброто што некогаш го доживеала една жена.