Категории

Направете малку поинаква зимница: Слатко од мандарини е вкусот кој ќе ве освои!

Освен добропознатите овошја кои нашите домаќинки ги ставаат во компот, обидете се со еден нов и неочекуван вкус – слатко од мандарини. Сигурно ќе ве воодушеви и ќе го подготвувате постојано. Уште една предност е тоа што е многу едноставно за правење.

Состојки:

  • 6 кг мандарини, излупени
  • 1 шолја шеќер
  • 10 шолји вода

Подготовка:

Мандарините излупете ги и отстранете ги белите влакна. Поделете ги на делови или по желба ставете ги цели (задолжително извлечете го белиот дел од средината).

Цврсто поредете ги во теглите за конзервирање. Во тенџере загрејте вода и шеќер и мешајте додека не се растопи. Мандарините прелијте ги со шеќерен сируп.

Затворете го добро капакот. Ставете ја теглата во зовриена вода, 10-тина минути, доколку сакате да ги пастеризирате мандарините.
Прегледи:
454
Објавено на:
27.09.2021