Дали сте меѓу нив?
Отпорноста на организмот на бактерии, инфекции и различни болести, ја одредуваат многу факори, меѓу кои и крвната група. Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се изборат со нападите на својот организам, а во таа смисла најдобро поминуваат оние со крвна група 0 (нулта).
Имено, долгогодишните студии покажалее дека крвната група 0 е најјака меѓу сите видови. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик за развој на кардиоваскуларни болести, како и мозочни и срцеви удари, ретко патат од болести поврзани со помнење, а докажано е и дека најмали се шансите да заболат од рак на панкреас или желудник, како и од голем број на други видови на рак. Едноставно најмалку се подложни. Поради отпорноста на болести, тие и живеат најдолго.
Зошто е тоа така?
Една од најважните причини е фактот што крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочните и срцеви удари ги предизвикува токму лошата коагулација на крвта.
Во однос на тоа која крвна група е најслаба, тоа е тешко да се одреди, иако стручњаците велат дека станува збор за групата А, бидејќи се покажало дека оваа крвна група е најмалку отпорна на маларија и некои други инфективни и системски болести.