Категории

Денес е меѓународен ден на кафето: Ова се некои од придобивките од пиењето кафе

Први октомври е прогласен за официјален меѓународен ден на кафето, а со оглед на тоа дека токму овој напиток е омилен кај поголем дел од луѓето, особено наутро, а притоа го има во илјадници видови, изведби и вкусови, сосема е заслужено да има свој ден.

За таа цел, ве потсетуваме на некои од придобивките од пиењето кафе.

Кафето има малку калории
Додавањето млеко, павлака или шеќер во кафето може да биде примамливо, но овие додатоци содржат калории. Ако подготвите шолја обично црно кафе, во неа ќе најдете вкупно 5 калории и 0 грама шеќер.

Брз метаболизам
Кофеинот е природен додаток за согорнување на маснотиите, но додавањет млеко и шеќер во омилениот напиток тој ефект се поништува. Исто така истражувањата покажуваат дека црното кафе може да го забрза метаболизмот за 3-11 отсто.

Кафето е диуретик
Ако после конзумирањето кафе морате да одите почесто во тоалет, сигурно знаете дека тоа е сосема нормално. Кафето е диуретик кој го чисти телото од штетните токсини.

Помал ризик од некои врсти на рак
Лабораториските истражувања покажаа дека фитохемикалиите во зрната кафе можат да помогнат во контролата на растењето на ќелиите кои го намалуваат развојот на ќелиите на ракот. Особено се однесува на ракот на црниот дроб.

Ви ја зголемува енергијата и ве прави попродуктивни

Кофеинот во кафето е оној што ве ослободува од замор и ја зајакнува енергијата веднаш штом ќе се напиете филџан свежо мелено кафе. Студиите покажаа дека пиењето кафе подобрува одредени функции на мозокот, како што се меморијата, расположението, будноста, фокусот … Сето ова нè прави многу попродуктивни.

Ве прави посреќни

Се поголем број луѓе денес се борат со депресија. Сакајќи да истражат што би можело да им помогне на луѓето да се справат со оваа состојба, експертите откриле дека три шолји квалитетно свежо мелено кафе го намалуваат ризикот од депресија за 20 проценти. Откриле и дека е доволно за некоја личност да мириса сварено кафе и веднаш да го подобри расположението.

Го продолжува животот

Преку бројни студии, научниците откриле дека љубителите на кафе кои пијат најмалку две шолји од овој пијалок секој ден, имаат помала веројатност за развој на многу болести, од дијабетес до црн дроб и мозок. Затоа, тие логично заклучиле – пиењето вистинско кафе може да ви го продолжи животот.

Прегледи:
640
Објавено на:
01.10.2021