Категории

Шарени палачинки: Тенки и меки, повкусни од било кога! (РЕЦЕПТ)

Изгледаат убаво и имаат уште поубав вкус!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 50 мл масло
  • прстофат сол
  • 400 мл млеко
  • 200 г брашно
  • 2-3 лажици какао во прав (за кафеавата спирала)

Подготовка:

Состојките изматете ги, потоа две црпалки одвојте и посебно промешајте ги со какао. Загрејте го тавчето, направете спирала од кафеавата смеса, оставете неколку секунди, па прелијте ја белата смеса. Печете од двете страни. Намаз по желба.

Пријатно!

Прегледи:
434
Објавено на:
12.10.2021