Категории

Секс без обврски: Возбудливо, но далеку од идеално

Новото истражување на универзитетот во Калифорнија покажало дека сексот за една ноќ може да биде директно поврзан со психолошки и емотивни проблеми. Резултатите покажале дека оние кои имале секс без обврски, во наредните седум денови често пателе од депресија.

Некогаш луѓето стапуваат во сексуални односи за да ја поправат самодовербата, меѓутоа, кога ќе дојде до секс, сфаќате дека не е тоа тоа, бидејќи нема емоции. Иако на почетокот расте возбудата и страста, по сексот според резултатите на истражувањата мажите се чувствувале уште попразно од претходно.

Сѐ се сведува на комплексен однос помеѓу биологијата и психологијата. Биолошки постојат позитивни здравствени придобивки, како намалување на крвниот притисок, намалување на стресот, но тоа мора да биде во правилни околности. Користење на сексот како решение за негативните емоции, нема да го реши проблемот, туку ќе го влоши.

Последните студии покажуваат дека 96% од испитаниците сметаат дека сексот е многу подобар со личност со која сте имале емотивна врска.

Прегледи:
494
Објавено на:
13.10.2021