По повод светскиот ден на операта на 25 октомври 2021, со почеток во 20.00 ч., во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет.
Солисти: Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас)
Гостин: Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба: Елена Сиљаноска
На програмата се арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Билетите се пуштени во строго ограничен број!