Стефан Лазаров, еден од најпознатите македонски јутјубери постојано го привлекува вниманието на јавноста, особено на помладата популација преку своите интересни, хумористични и креативни видеа. Овој пат, ви претставуваме нешто сосема поинакво од него.
Песната „Мајко моја“ која што ја издаде вчера заедно со видео записот преку кој се доловува целата приказна е нешто ново, емотивно и искрено.
Тој е целосен автор на оваа композивција, па затоа и не е воопшто зачудувачки фактот што слушајќи ја веднаш ќе ги почувствувате силните емоции кои се преточени во песна.
Слушнете како звучи Лазаров во ова музичко издание со наслов „Мајко моја“.