Категории

Откриена е првата планета надвор од нашата галаксија?

Можната планета е со големина колку Сатурн. Телескопот на NASA, Chandra X-Ray откри сигнал на можна планета во галаксијата Messier 51. Оваа планета се наоѓа 28 милиони светлосни години од Млечниот пат.

Ова можеби е првата планета досега откриена надвор од нашата галаксија.

Досега се пронајдена речиси 5.000 „егзопланети“- светови кои кружат околу ѕвездите надвор од нашето Сонце, но сите тие се лоцирани на галаксијата на Млечниот пат.

Најновите резултати се засновани на транзити, каде што пронаоѓањето на планетите пред ѕвездите блокира дел од светлоста на ѕвездите и дава карактеристичен пад на количина светлост која може да биде откриена со телескопите.

Оваа техника е веќе користена за пронаоѓање на илјада егзопланети.

„Методата која ја развивме и применивме е единствената моментално применлива метода за откривање на планетарни системи во други галаксии“, изјавила за ББС докторката ди Стефано од американскиот Харвард-Смитсонијан за астрофизика на Кембриџ.

„Тоа е единствената метода погодна за пронаоѓање на планети околу рентгенските бинарни системи на било која оддалеченост со која можеме да ја измериме светлосната крива“, додала таа.

Прегледи:
484
Објавено на:
26.10.2021