Категории

Кој е поздрав – белиот или интегралниот ориз?

Оризот е една од основните намирници во секојдневната исхрана на едно семејство. На македонските простори се препознатливи оризовите насади во Кочани, што оризот го прави неизбежен дел и од традиционална но, и современата македонска кујна.

Домашниот ориз како и оризот кој доаѓа од увоз може да се приготви на различни начини, од традиционалната тава со пилешко месо, па се до модерните трендови на подготовка на рижото со морски плодови. Најчесто традицијата е поврзана со белиот ориз, но се почесто се наметнува темата дали интегралниот ориз е поздрав за организмот.

Оваа житарица е одличен извор на енергија за подобра активност на мозокот и телесните функции. Оризот е извонредно хранлив, има 360 калории во 100 грама, не содржи речиси воопшто масти, а од составот 73% припаѓаат на јаглехидратите.

Оризот е богат со скроб, па затоа е многу лесно сварлив. Оризот содржи и минерали, како фосфор, калиум, а има нешто помала количина на магнезиум, калциум, манган и железо. Од витамините најмногу ги содржи витаминот Е и витамините од групата Б. За повеќе информации прочитајте ТУКА!

Прегледи:
864
Објавено на:
29.10.2021