Категории

Мир, тишина, зеленило и убавина: Градината на Оливера, жената на Ѓорѓе Балашевиќ изгледа магично!

Оливера Балашевиќ во центарот на Нови Сад има вистинска зелена оаза на мирот во која ужива со семејството.

Сопругата на славниот кантавтор чии песни вечно ќе ги паметиме и слушаме, на Инстаграм неодамна откри како изгледа нејзината мала оаза во еден од најстарите делови на Нови Сад. Многу зеленило, цвеќе и простор за игра, а тука е и колекцијата превозни средства: велосипед, скутер, шарена даска за скејтборд.


Во еден агол од дворот, до оградата има зајак, оној од Алиса во земјата на чудата, што вечно гледа на часовникот. Зајците се насекаде, како заштитни знаци и песната на Балашевиќ за некои нови клинци.

Прегледи:
797
Објавено на:
29.10.2021