Категории

Потврдиле 70.000 парови: Вака изгледаат врските во кои сексот е добар

Американскиот психолог и терапевт Џон Готман целата кариера ја посветил на истражување брачни односи. Готман повеќе од 30 години е во брак со психологот Џули Шварц Готман со која го основал институтот за помош на парови.

Во едно интервју тие објаснуваат како да работат паровите кои се во долги врски на својот сексуален живот.

Во таа пригода Џон ги открил и навиките на паровите кои имаат одличен сексуален живот: Едно нешто ме импресионираше во текот на анализирањето за тоа што е потребно за добар сексуален живот, како романсата и страста се одржуваат во врската и како се негува сексуалната желба. Во истражувањето спроведено врз 70.000 парови в0 24 земји ширум светот ги издвоил навиките на паровите со добар сексуален живот и станува збор за многу едноставни работи.

Секојдневно си кажуваат дека се сакаат и навистина го мислат тоа. Се бакнуваат страствено без никаков повод. Меѓусебно си даваат комплименти. Еден на друг си подготвуваат романтични изненадувања. Излегуваат на состаноци. Често се мазат. Изразуваат нежност и во јавноста. Ова не е научна фантастика. Тајната во добрата сексуална врска е во тоа буквално да ги задржите физичките допири еден со друг.

Луѓето мислат дека сексот мора да биде совршен и да изгледа холивудски. Тоа едноставно не е реалистично. Сексот мора да биде само она што вие сакате да биде. Не мора секогаш да биде совршен ниту романтчен. Тоа сознание на паровите им дава слобода да бидат експресивни и креативни во креветот.

Прегледи:
515
Објавено на:
08.11.2021