Категории

Кои етерични масла се безбедни за користење во бременоста

Многу дами се соочуваат со бројни проблеми предизвикани од хормоналните осцилации во текот на бременоста, а за таа цел може да се користат етерични масла. Еве неколку масла кои се безбедни за употреба во текот на бременоста и на кој начин

Одамна се познати терапевтските и благотворните ефекти на есенцијалните масла, без разлика дали се користат за масажа или за збогатување на просторијата со нивниот мирис. Различните масла имаат различни својства, а може да ги користат и трудниците, само со претпазливост и дозирање и секогаш по консултација со лекар.
За време на бременоста, многу жени имаат зголемена чувствителност на вкусови и мириси, особено во првите три месеци, па доколку одредени ароми не ви одговараат, не користете ги.


– Ако имате утрински мачнини, вдишете етерично масло од ѓумбир. Капкајте до 5 капки масло на марамче и вдишете нежно
– За да ги отфрлите сите стравови поврзани со бременоста, да се опуштите и да го подобрите сонот, користете масло од лаванда. Посипете го на памучна вата и ставете го во близина на креветот
– За отекување на рацете и стапалата направете мешавина од 50 милилитри ладно цедено масло од сусам, 3 капки етерично масло од лаванда и 4 капки масло од чемпрес, а потоа масирајте ја кожата на рацете и стапалата во правец на срцето.

– Третирајте проблеми со кожата предизвикани од хормонални промени во бременоста со секојдневно чистење на лицето со хидролати од лаванда нанесени на лицето со памучна волна или газа
– Ублажување на исцрпеноста поради повраќање и несоница, која е најсилна во првиот триместар од бременоста, со етерични масла од цитрус (портокал, мандарина, лимон, грејпфрут), лаванда и здравец растворени во растителни масла за масажа, во крем од соја за капење или со нивно дифузирање.
– Кон крајот на бременоста, во ладно цеденото масло додајте неколку капки есенцијално масло од римска или германска камилица, лаванда, риган или мускатно оревче, а потоа масирајте ја оваа смеса во областа на срамната коска и долниот дел на грбот за да ја ублажите болката.

Прегледи:
559
Објавено на:
20.11.2021