Категории

Добриот збор го топи мразот и ги отвора железните врати: Поучна приказна за вистинските вредности!

Добриот збор железни врати отвора, а оваа приказна е доказ за тоа. На сликата е еден од работниците во фабриката за замрзнување риби. Додека продолжил да ја завршува работата, вратата од фрижидерот се затворила, а тој сè уште бил внатре.

Почнал да вика за помош, но смената завршила и никој не останал во фабриката. Бил сигурен дека неговиот крај е запечатен, без сомнеж…
Откако бил блиску до смртта, во тие моменти чуварот на фабриката ја отвора вратата од фрижидерот и во последен момент го спасува.
Директорот на фабриката, изненаден од настанот, го прашал чуварот:
-Како успеавте да дознаете дека работникот се уште е во фабриката и не ја напуштил?!
Тој одговорил:
-Никој од работниците овде во фабриката не ме поздравува кога си заминува, освен тој и денеска не го слушнав неговиот поздрав. Така, помислив дека тој сè уште е во фабриката, па почнав да го барам додека не го најдов“.
Добриот збор го поправа вашето битие во умовите и срцата на другите. Добриот збор го топи мразот и ги отвора железните врати!
Прегледи:
528
Објавено на:
26.11.2021